Основни информации

СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ –  Штип, се наоѓа во централниот дел на градот Штип, на  ул. “ Васил  Главинов” бр. 4, сместено на левата страна од реката Отиња, во непосредна близина  на Собранието на општина Штип, со поглед свртен кон тврдината Исар, опкружено со значајни институции во кои се негува културното наследство, традицијата, штипската гостопримливост и обичаи.

Во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“-Штип, се извршува воспитно-образовна дејност која се планира, реализира и  вреднува. Овие три компоненти се меѓузависни и  неделиви, односно, со вреднувањето  започнува планирањето на сите активности во училиштето.

Процесот на планирање ни овозможува поголема прегледност на целите  и врз таа  основа  утврдување на приоритетите, поттикнува систематско размислување како да се соочиме со проблемите, да ги постигнеме саканите резултати и  при тоа  да владееме со промените  за да бидат во  функција на општо добро  во воспитно-образовната дејност.

Мисија

Визија

Гимназијата ,,Славчо Стојменски,,-Штип,е воспитно-образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално, емотивно, социјално, еколошко свесни, морално зрели личности достојни за почит во општеството.

Каде сме ние сега и каде сакаме да бидеме во иднина, визијата на училиштето ни го претставува патот по кој обединето чекориме кон замислената, реално остварлива проекција и колективно ниво на аспирација. На тој начин, стоиме цврсто на земјата, справувајќи се со промените во опкружувањето, а секогаш спремни да се фатиме во костец со предизвиците кои ги носат промените искористувајќи ги во конструктивна и позитивна смисла, за да им се даде поттик, поддршка и сигурност на голем број генерации наши ученици.

Современо Европско училиште со јасно поставени стратешки цели за квалитет во образованието преку вклучување на научно-технолошки постигнувања, информатичка технологија, креативни методи и техники за активна настава и учење, тимска работа, партнерски однос со родителите и локалната заедница, изградени капацитети за децентрализирано образование. Светилник кој го осветлува патот до успехот на генерациите што доаѓаат, за да го пронајдат заслуженото место под сонцето.