За рационално искористување на просторот, наставата за учениците се изведува во две смени и тоа: I и III година во една а II и IV година во другата смена. Смените се менуваат секоја недела. Часовите во првата смена започнуваат во 07:30 часот, а завршуваат во 13:40 часот. Во втората смена започнуваат во 14:00 часот, а завршуват во 20:00 часот. Наставата се реализирана во две полугодија согласно Календарот за организација на работата во јавните училишта.
Наставата се изведува во 14 класични училници и 10 специјализирани, современо опремени, училници – кабинети.
Како прв, задолжителен странски јазик се изучува англиси јазик, а германскиот јазик, се изучува како втор задолжителен
Освен задолжителната настава во гимназијата се реализираат и други видови на настава.

Додатната настава се реализира со ученици кои во текот на задолжителната настава постигнуваат надпросечни резултати или пројавуваат и се потврдуваат со осебена надареност и талентираност во одделни наставни подрачја. Содржината на додадтната настава се планира и изведува со посебни програми, според потребите на учениците од I – IV година за:

– Подготовка за индивидуално и тимско учество на натпревари;
– Содржини за кои учениците ќе пројават особен интерес;
– Подготовка за државна матура.

Задолжителни предмети

Во прва година сите предмети се задолжителни и тие се:

ПредметБрој на часови
Македонски јазик и литература4
Математика3
Англиски јазик3
Германски јазик2
Историја2
Физика2
Географија2
Биологија2
Хемија2
Информатика2
Ликовна уметност2
Музичка уметност1
Спорт и спортски активности2
Вкупно предмети: 13Вкупен број на часови: 29

Во втора година задолжителни предмети се:

ПредметБрој на часови
Македонски јазик и литература4
Математика3
Англиски јазик3
Германски јазик2
Историја2
Физика2
Географија2
Биологија2
Хемија2
Социологија2
Ликовна уметност1
Музичка уметност2
Спорт и спортски активности2
Вкупно предмети: 13Вкупен број на часови: 29

Но исто така во втора година се изучува и еден изборен предмет којшто влегува во вкупниот број на часови, со што вкупниот број на предмети изнесува 14, а вкупниот број на часови изнесува 31.

Во трета година како задолжителни предмети се изучуваат:

ПредметБрој на часови
Македонски јазик и литература4
Математика3
Англиски јазик3
Германски јазик2
Историја2
Физика2
Биологија2
Хемија2
Спорт и спортски активности3
Вкупно предмети: 9Вкупен број на часови: 23

Во трета година изборните претставуваат дел од можните пакети коишто учениците ги избираат да ги изучуваат. Во секој пакет има по 3 предмети со 2 часа неделно. Со тоа вкупниот број на предмети изнесува 12, а вкупниот број на часови 29.

Во пакетот јазично-уметничко подрачје – комбинација А има 2 предмета со 2 часа неделно и еден предмет со 3 часа неделно. Со тоа вкупниот број на часови е 30.

Во четврта година се изучуваат следниве предмети како задолжителни:

ПредметБрој на часови
Македонски јазик и литература4
Математика3
Англиски јазик3
Германски јазик2
Филозофија3
Бизнис и претприемништво2
Спорт и спортски активности3
Вкупно предмети: 7Вкупен број на часови: 20

Во четврта година бројот на изборни часови е различен во секој пакет. Во пакетите за општествено-хуманистичко подрачје има 4 изборни предмети, 1 со 3, а другите со 2 часа неделно. Со тоа бројот на предмети е 11, а на часови 29.

Во пакетите за природно-математичко подрачје има 3 изборни предмети, сите 3 со по 3 часа неделно. Со тоа бројот на предмети е 10, а на часови 29.

Во пакетите за јазично-уметничко подрачје има 3 изборни предмети, сите 3 со по 3 часа неделно. Со тоа бројот на предмети е 10, а на часови 29.

Изборна настава

Согласно наставниот план на реформирано гимназиско образование изборната настава по години е вака организирана:

Во I година нема изборна настава;
Во II година учениците избираат еден од предметите:

  • информатчка технологија
  • етика
  • класичен јазик

којшто тие сакаат да го изучуваат.

Во III година учениците можат да се определат на повеќе различни насоки при коишто се изучуваат следниве изборни предмети:

1. Општествено – хуманистичко подрачје – комбинација 

  • Вовед во право – 2 часа неделно
  •  Социологија- 2 часа неделно
  • Латински јазик- 2 часа неделно

2. Општествено – хуманистичко подрачје – комбинација Б

  • Социологија – 2 часа неделно
  • Педагогија – 2 часа неделно
  • Етика – 2 часа неделно

3. Природно – математичко подрачје – комбинација А

  • Линеарна алгебра и аналитичка геометрија – 2 часа неделно
  • Алгебра- 2 часа неделно
  • Програмски јазици – 2 часа неделно

4. Природно – математичко подрачје – комбинација Б

  • Географија – 2 часа неделно
  • Латински јазик – 2 часа неделно
  • Програмски јазици – 2 часа неделно
5. Јазично – уметничко подрачје – комбинација А
 
  • Трет странски јазик – 3 часа неделно
  • Латински јазик – 2 часа неделно
  • Педагогија – 2 часа неделно
6. Јазично – уметничко подрачје – комбинација А
 
  • Ликовна уметност – 2 часа неделно
  • Музичка уметност – 2 часа неделно
  • Педагогија – 2 часа неделно

Во IV година учениците во делот на изборна настава ги изучуваат предметите:

1. Општествено – хуманистичко – подрачје – комбинација А

  • Економија – 3 часа неделно
  • Менаџмент – 2 часа неделно
  • Логика – 2 часа неделно
  • Историја – 2 часа неделно

2. Општествено – хуманистичко – подрачје – комбинација Б

  • Социологија – 3 часа неделно
  • Психологија – 2 часа неделно
  • Историја – 2 часа неделно
  • Филозофија 2 – 2 часа неделно

3. Природно – математичко подрачје комбинација А

  • Програмски јазици – 3 часа неделно
  • Математичка анализа – 3 часа неделно
  • Физика – 3 часа неделно

4. Природно – математичко подрачје комбинација Б

  • Физика – 3 часа неделно
  • Хемија – 3 часа неделно
  • Биологија – 3 часа неделно
5. Јазично – уметничко подрачје комбинација А
 
  • Трет странски јазик – 3 часа неделно
  • Латински јазик – 2 часа неделно
  • Компаративна книжевност – 2 часа неделно
  • Психологија – 2 часа неделно
6. Јазично – уметничко подрачје комбинација Б
 
  • Драмска уметност – 3 часа неделно
  • Ликовна уметност – 2 часа неделно
  • Музичка уметност – 2 часа неделно
  • Психологија – 2 часа неделно

Изборната настава се изведува според редовниот број на часови.