Лаура – доказ за имагинарна љубов

Љубовта е доказ за тоа дека ништо во животот не е лесно, ниту пак дека се е совршено. Петрарка ги искажува неговите проблеми и незадоволства во Канцониер, и колку тој пател по љубовта на Лаурa.

Лаура била жена која за Петрарка претставувала негова најголема инспирација. Таа била негова платонска љубов како што била Беатриче на Данте. Но Петрарка го сакал допирливото, сакал да ја допре, да ја погали, да биде со Лаура. Тој се вљубил во нејзината телесна убавина, нејзините очи, лицето и нејзината коса. Тој многу страдал поради неостварената и невозвратената љубов. Бил очаен поради тоа што не можел да биде со Лаура. Таа била мажена и имала многу деца. Петрарка често доживувал пресврт на чувствата, многу пати му се случило чувствата да му бидат измешани. Во одредени моменти бил тажен, но во други бил среќен поради Лаура, честопати го проколнувал моментот кога се заљубил во неа,но потоа размислил и бил благодарен на тоа. Не му било лесно бидејќи ја немал онаа возвратена љубов од Лаура, па мислел дека ќе му биде полесно откако таа ќе умре. Но, по смртта на Лаура, Петрарка бил многу по очаен од порано, бил многу тажен, но тој ја сместил Лаура во рајот со надеж дека еден ден ќе може да биде со неа. Тој верувал дека со своите постапки и дела и тој ќе оди во рајот и ќе биде со неговата најголема љубов. По смртта на Лаура, Петрарка се осамил и во плач ги искажувал своите чувства за невозможната и невозвратената љубов.

Љубовта е непредвидлива. Може да се случи во секој момент и на секој. На сите нас најважно ни е тие што ги сакаме да бидат среќни, исполнети и секако здрави. Секојдневно се случуваат проблеми но секогаш има решение за нив. Најубавото што може да му се случи на човек е љубовта, искрена и  безгрижна.

Напишал: Стефанија Јованова II-6

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *