Гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип, е воспитно-образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално, емотивно, социјално, еколошко свесни, морално зрели личности достојни за почит во општеството.