На 05.03.2022 год. се одржа регионалниот натпревар по информатика. Нашето училиште беше домаќин на учениците од Штип, Пробиштип, Кочани, Виница и Македонска Каменица. Од нашето училиште се натпреваруваа учениците:
- Адриан Михајловски од клас IV-2
- Благој Иванов од клас IV-2
- Марко Трајковиќ од клас I-2
- Филип Николов од клас I-7
Сите гимназијалци освоија III награда и се здобија со право на учество на државниот натпревар кој ќе се одржи на 19.03.2022 во Скопје.
Ментор на учениците е проф. Јулија Андова.
Училиштето им го честита успехот на учениците и менторот и им посакува среќа на претстојниот државен натпревар.