Астрологијата всушност претставува верување во различното порамнување на планетите, ѕвездите и останатите небесни тела, односно нивното влијание врз бројни аспекти во животот на секој поединец.Слично е и со другите области кои се засновани на древни теории за енергетски обрасци, како фенг шуи, акупунктура и јога. Со помош на персонализирани натални карти (кои ги одредуваме со точна дата на раѓање, време и место), астролозите можат да одредат лични карактеристики, предности, маани како и да предвидат значајни случки во светот. Со астрологијата можеме да ги спознаеме останатите луѓе, како и самите себеси на сосема подлабоко ниво.
- Зошто во последната недела имаме недостиг на мотивација?
Огнените знаци (овен, лав, стрелец) се карактеризираат со импулсивност, борбени дух, спонтаност, упорност, одлучност, цврст карактер, страст. Имаат речиси магнетна енергија и не можеш да им одолееш. Кога огнените знаци се присутни во одредени планети ние сме склони кон впуштање во нови авантури и превземање ризици.
Во моментот немаме позиционирање на оргените знаци (овен, лав, стрелец) во ниедна планета и со оглед на тоа може да имаме проблеми со мотивацијата, промена во целокупната енергија и желбата за започнување на нешто ново. Ова може да се толкува како знак дека е поволен период да се опуштиме, да се фокусираме на самите себеси, да се ослободиме од стресот и да забавиме кога станува збор за донесување одлуки, особено некои позначајни. - Враќањето на Плутон и неговото влијание
Според астрологијата, Плутон е планета која што претставува интензивност, уништување, трансформација, регенерација, преродба (слично како Феникс), духовна преродба, тоа што се наоѓа под површината. Планетата го добила своето име според богот на подземјето Плутон (уште познат како Хад). Го предводува знакот Шкорпија. После 248 години, Плутон конечно се враќа (на својата првобитна позиција), што ни сугерира дека ова е редок настан. Настаните во минатото кои се случиле во текот на Плутоновото враќање биле скандални и со големи пресврти, но сепак ни укажуваат на некоја пресвртна точка која не тера да правиме евалуација на сторените дела.
Во историјата:
Римската Империја го искусила првото враќање на Плутон во 218 г.п.н.е. период на немилосрдни и силни лидери, како и огромна промена во моќта, а следното Плутоново враќање се случило само неколку години пред целосниот пад на Римската Империја.
Значајни историски личности како Сталин и Наполеон умреа во текот на Плутоновото враќање.
Овој настан е особено значаен за USA бидејќи имало Плутоново враќање кога била потпишана Декларацијата за независност во 1776г.
Со ова Плутоново враќање вистината ќе исплива на површина, ќе научите значајни лекции од кармички личности, очекувајте да ве понесе виорот на трансформација и не му се спротивставувајте!
Автор:
Макрина Јорданова III-2