Што е ИО Еквинокс и што се извидници?
Доколку уживате да запознавате на нови луѓе, да испробувате нови нешта, да се надоградувате, да поминувате време во природа и да кампувате, да бидете активни граѓани, да помагате на другите, сакате да бидете дел од една огромна приказна, извидништвото е вистински избор за вас!
Извидништвото претставува најмасовно младинско движење со над 55 милиони членови ширум светот. Основач на извидничкото движење е Лорд Роберт Баден Пауел и истото го започнал во 1907 година со експериментален камп за момчиња на островот Браунси во Англија. Во почетоците, извидништвото било наменето само за момчиња, а извидничкото движење за девојчиња го започнала сопругата на Роберт, Оливија. Извидништвото преку неформална едукација ги подготвува младите извидници да стекнат вештини за снаоѓање како во природа, така и во секојдневниот живот, и истото се заснова на извиднички закони и принципи.



Извиднички Одред Еквинокс Скаут – Штип е младинска неполитичка граѓанска организација, која е основана на 14 март 2018 година. Во моментот, во И.О. Еквинокс околу 90 млади на различна возраст. Моментален претседател на организацијата (старешина на одред) е Тошиќ Дарко, а пак началник на програма е Бојан Андонов.
Функционирањето се базира на неделни состаноци и активности, каде членовите се поделени во патроли (помали групи). Покрај редовните состаноци, во текот на целата година се спроведуваат разни акции и кампови заедно со други одреди и организации, интернационални кампови и дружби.
Основни активности на одредот се: Неформално образование за млади луѓе користејќи го извидничкиот метод.
– Атрактивна програма за млади со многу активности во природа кои ќе oбезбедат развој на интелектуален, психички, духовен, социјален, карактерен и емотивен аспект на секој млад човек.
– Промовирање на активно граѓанство.
– Промовирање на младински активизам и иницијативизам.
– Поддршка во развој на заедницата на локално и национално ниво.
– Промоција и практикување на демократијата и човечките права преку стимулативни средби и процеси.
– Поддршка на други младински организации, младински мрежи и заедничка работа со институции.

Член на одредот може да стане секој жител на Република Македонија со давање Завет, прифаќање и спроведување на Програмата на oдредот и СИМ (Сојуз на Извидници на Македонија), работење по Извидничките Закони, активно учество во работата одредот.
Според возраста, членовите во одредот се поделени во пет категории и тоа:
а) Развигорци – од 7 до 11 години;
б) Извидници – од 12 до 15 години;
в) Истражувачи – од 16 до 18 години;
г) Ровери – од 19 до 29 години;
д) Сениори – над 29 години
Сакате да станете дел од И.О. Еквинокс Скаут?
Мисијата на одредот е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Целта на одредот е да придонесува во развојот на младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.












Доколку сте заинтересирани да ни помогнете во исполнувањето на нашата цел можете да не контактирате на:
Профили на одредот: Facebook, Instagram
Емаил: ekvinoks.scouts@gmail.com
Контакт тел. : +38978437876