За рационално искористување на просторот, наставата за учениците се изведува во две смени и тоа: I и III година во една а II и IV година во другата смена. Смените се менуваат секоја недела. Часовите во првата смена започнуваат во 07:30 часот, а завршуваат во 13:30 часот. Во втората смена започнуваат во 13:00 часот, а завршуват во 19:30 часот. Наставата се реализирана во две полугодија согласно Календарот за организација на работата во јавните училишта.
Наставата се изведува во 14 класични училници и 10 специјализирани, современо опремени, училници – кабинети.
Како прв, задолжителен странски јазик се изучува англиси јазик, а германскиот јазик, се изучува како втор задолжителен
Освен задолжителната настава во гимназијата се реализираат и други видови на настава.
Додатната настава се реализира со ученици кои во текот на задолжителната настава постигнуваат надпросечни резултати или пројавуваат и се потврдуваат со осебена надареност и талентираност во одделни наставни подрачја. Содржината на додадтната настава се планира и изведува со посебни програми, според потребите на учениците од I – IV година за:
– Подготовка за индивидуално и тимско учество на натпревари;
– Содржини за кои учениците ќе пројават особен интерес;
– Подготовка за државна матура.
Задолжителни предмети
Во прва година сите предмети се задолжителни и тие се:
Предмет | Број на часови |
---|---|
Македонски јазик и литература | 4 |
Математика | 3 |
Англиски јазик | 3 |
Германски јазик | 2 |
Историја | 2 |
Физика | 2 |
Географија | 2 |
Биологија | 2 |
Хемија | 2 |
Информатика | 2 |
Ликовна уметност | 2 |
Музичка уметност | 1 |
Спорт и спортски активности | 2 |
Вкупно предмети: 13 | Вкупен број на часови: 29 |
Во втора година задолжителни предмети се:
Предмет | Број на часови |
---|---|
Македонски јазик и литература | 4 |
Математика | 3 |
Англиски јазик | 3 |
Германски јазик | 2 |
Историја | 2 |
Физика | 2 |
Географија | 2 |
Биологија | 2 |
Хемија | 2 |
Социологија | 2 |
Ликовна уметност | 1 |
Музичка уметност | 2 |
Спорт и спортски активности | 2 |
Вкупно предмети: 13 | Вкупен број на часови: 29 |
Но исто така во втора година се изучува и еден изборен предмет којшто влегува во вкупниот број на часови, со што вкупниот број на предмети изнесува 14, а вкупниот број на часови изнесува 31.
Во трета година како задолжителни предмети се изучуваат:
Предмет | Број на часови |
---|---|
Македонски јазик и литература | 4 |
Математика | 3 |
Англиски јазик | 3 |
Германски јазик | 2 |
Историја | 2 |
Физика | 2 |
Биологија | 2 |
Хемија | 2 |
Спорт и спортски активности | 3 |
Вкупно предмети: 9 | Вкупен број на часови: 23 |
Во трета година изборните претставуваат дел од можните пакети коишто учениците ги избираат да ги изучуваат. Во секој пакет има по 3 предмети со 2 часа неделно. Со тоа вкупниот број на предмети изнесува 12, а вкупниот број на часови 29.
Во пакетот јазично-уметничко подрачје – комбинација А има 2 предмета со 2 часа неделно и еден предмет со 3 часа неделно. Со тоа вкупниот број на часови е 30.
Во четврта година се изучуваат следниве предмети како задолжителни:
Предмет | Број на часови |
---|---|
Македонски јазик и литература | 4 |
Математика | 3 |
Англиски јазик | 3 |
Германски јазик | 2 |
Филозофија | 3 |
Бизнис и претприемништво | 2 |
Спорт и спортски активности | 3 |
Вкупно предмети: 7 | Вкупен број на часови: 20 |
Во четврта година бројот на изборни часови е различен во секој пакет. Во пакетите за општествено-хуманистичко подрачје има 4 изборни предмети, 1 со 3, а другите со 2 часа неделно. Со тоа бројот на предмети е 11, а на часови 29.
Во пакетите за природно-математичко подрачје има 3 изборни предмети, сите 3 со по 3 часа неделно. Со тоа бројот на предмети е 10, а на часови 29.
Во пакетите за јазично-уметничко подрачје има 3 изборни предмети, сите 3 со по 3 часа неделно. Со тоа бројот на предмети е 10, а на часови 29.
Изборна настава
Согласно наставниот план на реформирано гимназиско образование изборната настава по години е вака организирана:
Во I година нема изборна настава;
Во II година учениците избираат еден од предметите:
- информатчка технологија
- етика
- класичен јазик
којшто тие сакаат да го изучуваат.
Во III година учениците можат да се определат на повеќе различни насоки при коишто се изучуваат следниве изборни предмети:
1. Општествено – хуманистичко подрачје – комбинација A
- Вовед во право – 2 часа неделно
- Социологија- 2 часа неделно
- Латински јазик- 2 часа неделно
2. Општествено – хуманистичко подрачје – комбинација Б
- Социологија – 2 часа неделно
- Педагогија – 2 часа неделно
- Етика – 2 часа неделно
3. Природно – математичко подрачје – комбинација А
- Линеарна алгебра и аналитичка геометрија – 2 часа неделно
- Алгебра- 2 часа неделно
- Програмски јазици – 2 часа неделно
4. Природно – математичко подрачје – комбинација Б
- Географија – 2 часа неделно
- Латински јазик – 2 часа неделно
- Програмски јазици – 2 часа неделно
5. Јазично – уметничко подрачје – комбинација А
- Трет странски јазик – 3 часа неделно
- Латински јазик – 2 часа неделно
- Педагогија – 2 часа неделно
6. Јазично – уметничко подрачје – комбинација А
- Ликовна уметност – 2 часа неделно
- Музичка уметност – 2 часа неделно
- Педагогија – 2 часа неделно
Во IV година учениците во делот на изборна настава ги изучуваат предметите:
1. Општествено – хуманистичко – подрачје – комбинација А
- Економија – 3 часа неделно
- Менаџмент – 2 часа неделно
- Логика – 2 часа неделно
- Историја – 2 часа неделно
2. Општествено – хуманистичко – подрачје – комбинација Б
- Социологија – 3 часа неделно
- Психологија – 2 часа неделно
- Историја – 2 часа неделно
- Филозофија 2 – 2 часа неделно
3. Природно – математичко подрачје комбинација А
- Програмски јазици – 3 часа неделно
- Математичка анализа – 3 часа неделно
- Физика – 3 часа неделно
4. Природно – математичко подрачје комбинација Б
- Физика – 3 часа неделно
- Хемија – 3 часа неделно
- Биологија – 3 часа неделно
5. Јазично – уметничко подрачје комбинација А
- Трет странски јазик – 3 часа неделно
- Латински јазик – 2 часа неделно
- Компаративна книжевност – 2 часа неделно
- Психологија – 2 часа неделно
6. Јазично – уметничко подрачје комбинација Б
- Драмска уметност – 3 часа неделно
- Ликовна уметност – 2 часа неделно
- Музичка уметност – 2 часа неделно
- Психологија – 2 часа неделно
Изборната настава се изведува според редовниот број на часови.