На 15-ти и 16-ти јануари 2022г. во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа третиот меморијален натпревар по математика ,,Александар Блажевски-Цане” на кој учествуваа ученици од целата држава. Ученикот Марио Ванчоски од I-1 клас под менторство на проф. Ефче Арсова Нехтенина освои бронзен медал.
На регионалниот натпревар по Филозофија, кој се одржа во Велес на 19.02.2022, учениците од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, под менторство на проф. Данка Јовева ги постигнаа следниве резултати:
- Марија Велинова од клас IV-1 – прво место
- Адриан Михајловски од клас IV-2 – второ место
Со право на учество на претстојниот државен натпревар кој ќе се одржи во Скопје, се стекнаа и учениците:
- Павел Поп-Димитров од клас IV-2
- Марија Николова од клас IV-3
- Викторија Величковска од клас IV-1
- Јована Ѓоргиева од клас IV-2
На општинскиот натпревар по Математика, одржан на 19.02.2022, гимназијалци ги освоија следниве награди:
- Марио Ванчоски од клас I-1 – втора награда под менторство на проф. Ефче Арсова Нехтенина
- Валери Ѓоргиев од клас III-2 трета награда под менторство на проф. Благица Миладинова – Давиткова
Со право на учество на регионалниот натпревар се стекна и Матеј Јанев од II година под менторство на проф. Билјана Стаменкова.
Училиштето им го честита успехот на гимназијалците и им посакува среќа на претстојните натпревари!