На 18.02.2022 во Маврово се одржa државното првенство во скијање на кое учествуваа 350 ученици.

Од Штип учествуваа 19 ученика од основните и средните училишта.

Гимназијата ја претставуваше Сара Димитровска од IV-5 клас која се стекна со I место во својата категорија.

Еве и неколку зборови од проф. Сашко Богатинов:

Штипската младина од секогаш го негува скијањето, мотивирани од неколку професори по физичко воспитување, кои постојано постигнуваат одлични резултати. Честитки за успехот на сите ученици. Сепак, после добро обработените резултати, времиња на минување на ски патеката и правичност во минување на капиите, резултатите се променија позитивно со што САРА ДИМИТРОВСКА , IV год. во СОУ Гимназија “Славчо Стојменски” е ДРЖАВЕН ПРВАК, ЗЛАТЕН МЕДАЛ!

проф. Сашко Богатинов