На општинскиот натпревар по Биологија одржан на ден 07.02.2022, гимназијалците освоија огромен број на награди:

  1. Марио Ванчоски од I-1 клас – I награда
  2. Бисера Манова од I-1 клас – II награда
  3. Теа Гицева од I-2 клас – III награда
  4. Јана Хубрева од II-7 клас – III награда
  5. Драгана Иванова од II-7 клас – III награда
  6. Анабела Јанев од II-6 клас – III награда
  7. Мила Коцева од II-6 клас – III награда
  8. Никола Марков од II-7 клас – III награда

под менторство на проф. Емица Пилешкова.

Под менторство на проф. Кети Додева Трајчева учениците Иван Костевски од I-5 клас се стекна со I награда, а ученичката Тамара Ефремова од III-5 клас се стекна со пофалница.

На општинскиот натпревар по Физика одржан на ден 11.02.2022 во конкуренција за I-ва година учениците кои ја претставуваа гимназијата, Марио Ванчоски од I-1 клас и Иван Костевски од I-2 клас, под менторство од проф. Зоран Арсов, се стекнаа со максимален број на поени и ги заземаа првите две места во Републиката.

На општинскиот натпревар по Географија одржан на ден 12.02.2022, ученичката Ана Арсова од клас I-7 освои I место под менторство на проф. Невенка Маролова.

Училиштето им го честита успехот на сите учесници и им посакува среќа на регионалните натпревари!