Создаваме вредности!

Два бронзени медала на Меѓународна јуниорска Олимпијада по природни науки (IJSO) во Дубаи.

Иван Костевски, бронза (СОУ Славчо Стојменски, Штип)

Марио Ванчоски, бронза (СОУ Славчо Стојменски, Штип)

Учениците го посетија и градоначалниот. Еве неколку зборови и од него:

Овие две момчиња, Иван и Марио, на престижната Меѓународна јуниорска Олимпијада по природни науки, која се одржа во Дубаи, во конкуренција со 900 други млади љубители на науката, успеаја да го освојат бронзениот медал! Не само што ме направија да бидам неизмерно горд на нивниот успех, туку ме поттикнаа да покренам иницијатива до Советот на Општина Штип, за ваквите исклучителни таленти да добиваат годишни стипендии од локалната самоуправа. Така ќе мотивираме уште поголеми достигнувања на учениците во секое поле!

– Иван Јорданов