Проектот во кој учествувавме е ново и неповторливо искуство за сите нас. Стекнавме нови знаења кои ќе можеме да ги примениме во иднина, а дружењето и местата кои ги посетивме секогаш ќе ни будат убави спомени. Научивме нешто повеќе во врска со рециклирањето, зошто тоа е важно за нас и животната средина. Преку голем број активности, игри го покажавме нашето знаење. Исто така, научивме и што прават останатите земји за да ја зачуват животната средина.