Кога првпат дознав дека сум прифатен да одам на овој проект, не знаев што да очекувам. Тоа беше мојот прв проект Еразмус+, се прашував: Дали ќе биде супер? Дали ќе биде лошо? Какво искуство ќе биде тоа? Oва беше едно од најголемите искуства во мојот живот. Запознав многу навистина неверојатни луѓе, направив значајни пријателства, доживеав нови култури и традиции и го истражив прекрасниот романски пејзаж. И јас, заедно со моите пријатели, имав чест да ја претставувам нашата земја пред другите учесници во најголемо светло. Генерално имав искуство што го промени животот и се надевам дека ќе имам шанса да одам на многу проекти во иднина, и се надевам дека сите тие ќе ме подобрат како личност. Искуството е она што нè прави спонтани во животот, па се надевам дека многу амбициозни, авантуристички и ентузијасти луѓе ќе добијат шанса да бидат дел од една ваква прекрасна размена која не само што носи радост, туку уште поважно е доживотно пријателство.