Моето прво искуство со Еразмус + беше во мало гратче наречено Синаја, Романија. Ова беше едно од најдобрите искуства за учење што сум ги имала, немаше момент кога си помислив „досадно ми е, сакам да заминам“. Благодарејќи на младинскиот борд ова беше 10-дневна авантура за мене. Ваквите проекти се пример за забавно учење и ни покажуваат како луѓето живеат надвор од границите на Македонија.
Работите што ги научив:
1. Со одење на овој проект ги подобрив моите вештини за зборување и пишување англиски.
2. Низ сите активности научив колку имаме влијание врз околината околу нас и како можеме да помогнеме и подобриме како индивидуа.
3. Работење подобро во групните активности.
Ќе завршам со тоа што ќе кажам дека она што ми дава најголема радост е да почувствувам дека сум патувала низ целиот свет низ очите на секоја личност што сум ја сретнала за време на моите искуства со Еразмус+. Сега дефинитивно можам да кажам дека одењето на Еразмус беше најдобрата одлука што некогаш сум ја донела!