Како ученик во оваа гимназија научив дека треба да се бориш за работите кои што ги сакаш. И така почна се со една желба за учество во Еразмус+ програмата. И не знам од каде да почнам во опишувањето на моето искуство од Еразмус+. Преплавен сум од емоции,импресии и полн со нови непознати чувства за мене. Мојот проект беше во Будимпешта, Унгарија. Преубав град полн со убавини кои ти ја исполнуваат душата. Во проектот учествуваа 6 држави Шпанија, Португалија, Грузија, Турција, Унгарија и Македонија. Темата на проектот беше рециклирање. Интересна тема со интересни факти, ставови и решенија. Овој вид на неформално образование е многу развиено, а Еразмус+ фамилијата секојдневно се зголемува со членови од најразлични држави од светот.


Ова беше мој прв проект кој ме научи на многу нови работи. Првично во темата на рециклирањето, стекнувањето на нови пријателства и градењето на самата личност. Запознавањето со луѓе од други држави беше непознат поим за мене, но не за многу долго. Запознавањето одеше брзо, сите беа кумуникативни, расположени, полни со љубов. На почетокот бев исплашен како ќе се запознаам, како да се покажам во добро светло, но се тоа беше непотребно, непотребен страв, единствено што е битно е да бидеш ти, да покажеш каков си всушност ти и со тоа ја збогатуваш својата листа на пријатели. Исто така со овој вид на проект се збогатуваш со повеќе знаење за другите култури и може да се каже дека сега сум културно побогат. Оваа авантура ме научи дека човек никогаш не треба да престане да доживува и учи, бидејќи како што се вели ,,Човекот учи додека е жив’’.