Ова беше мојот прв Erasmus+ проект во кој земав учество. За мене овој проект во Милков, Полска беше едно големо искуство и едно од најдобрите патувања. Од овој проект научив многу работи што не ги знаев во врска со рециклирањето. Сите активности еа премногу интересни, погодни за секој да може да учествува во нив и лесно да се вклопи во темата. Запознав многу пријатели за време на програмата, научив по нешто за секоја земја посебно и се здобив со многу информации за рециклирањето во другите држави. За мене беше чест и задоволство да се учествува во еден ваков едукативен проект со цел да ја подигнеме свеста на сите луѓе, да им споделиме за природата и рециклирањето на работите.