Ова беше мој прв пат да го истражувам светот заедно со други млади луѓе благодарение на Еразмус програмата. Овој проект, AGE – A Gap in Europe ми даде знаење на полето вештини за вработување, кои мене како млад човек најмногу ми требаат. Во текот на 7-те дена што бевме во малиот град Олхао, Португалија, јас и другите учесници од Португалија, Чешка, Литванија и Кипар го надградивме нашетo знаење преку заеднички активности. Беше многу чудно и задоволувачко во исто време да се биде дел од вакво нешто после 2 години затворени во нашите домови. Го напуштив овој проект, чувствувајќи се поподготвенa за интервјуа за работа и како ученик во четврта година ова беше многу важно за мене. Освен тоа што го научив, нештата на кои сум најмногу благодарна се пријателствата што беа создадени таму и можноста да ги посведочам убавината на земјите што ги посетивме на нашето мало патување. Ваквите проекти се многу добри можности за младите да патуваат низ светот и да научат нови работи освен формалното образование.