По долго време слушајќи ги приказните и искуствата на мојата сестра и на моите пријатели од авантурите на Erasmus+ проектите, решив и јас да станам дел од нив. Така благодарение на Младинскиот Борд од Штип се пријавив да присусвувам на проектот со тема “Youth AgriHacking Talent” во Неа Каликратија, Грција. Се запознав со културата и животот на неколку земји, а воедно и со информации за земјоделството кај нив. Исто така ги подобрив своите вештини да зборувам на англиски јазик и ги усовршив моите способности да работам во тим и да креирам свои идеи и ставови. Не се случи да останам гладна или да си досадувам. Секој следен ден беше поинтересен од прeдходниот, дури немав време да го земам телефонот во рака. Беше интересна авантура за мене со многу смеа и дружба со новостекнатите пријатели од Грција, Кипар, Турција, Украина, Италија, Молдавија и Романија. Разделбата со нив беше тешка и се надевам дека ќе ги сретнам пак на моето следно Erasmus+ искуство.
Креиравмe блог со информации од секој поминат ден таму кој можете да го проследите на следниот линк:
https://yagt.weebly.com/blog