На Регионалниот натпревар по математика одржан на 12.3.2022 во Струмица, ученикот Марио Ванчовски од I-1 клас, под менторство на професор по математика Ефче Арсова Нехтенина освои прва награда со максималниот број на поени.

Нашиот ученик од прва година Иван Костевски освои сребрен медал или второ место на Њутновата олимпијада по Физика, во организација на OSCO во конкуренција на ученици со возраст од 15-19 години од 26 земји од светот.

Училиштето им го честита успехот на натпреварувачите и им посакува среќа на идните натпревари!