Како млад активист кој веќе повеќе од 4 години сум дел од Младинскиот Борд а воедно и Ерасмус+ програмата се прогласувам како “зависник” на истата, но тоа е адикција за која сум горд што ја имам. Самото Ерасмус искуство е истовремено најкраткиот, но и најдолгиот период од твојот живот во кој умот ти е активиран 24/7 и секој нареден здив го доживуваш како последен, богат со премногу нови искуства едноставно надоградувајќи се самиот и градејќи ја својата индивидуалност.

Покрај процесот на личен развиток се појавува и можноста за вмрежување и ширење на кругот на познаници, а денес можам уверено да пишам дека имам пријатели со кои сум поминал повеќе од 10тина дена од речиси секое ќоше на светот како Филипинте, Бангладеш, Египет, Џордан, Полска, Гвадалупе, Франција, Шпанија, Италија и многу други. Покрај тоа можноста да го прошеташ светот и истовремено да го прошири кругот на познаници, сопствениот видик за секојдневието и едноставно да се возвишиш е непропустлива.