Од каде да започнам? Благодарение на Youth on board, оваа можност ја имав за прв пат да учествувам на проект на младинска размена. Чувството од самиот почеток беше извонредно. Од овој проект, Age – A Gap in Europe, се стекнав со знаења од областа на претприемачи и вештини за вработување. Проектот се одвиваше во мал град во Португалија, Олхао каде покрај нашиот тим од Македонија, учествуваа млади од Кипар, Чешка и Литванија. Целиот проект беше добро организиран со многу активности и различни игри. Преку овие активности и задачи успеавме да ги споделиме нашите искуства со младите од другите земји.

Освен она што го научив, благодарна сум и за пријателствата што ги создадовме. Со овој проект го збогатив мојот англиски вокабулар и стекнав поголема самодоверба. Ваквите младински размени се добра можност за младите кои сакаат да патуваат, да откријат повеќе за другите култури и подетално да го надополнат своето знаење. Доколку ме прашате мене, топло ќе ви препорачам!

Leave a Reply

Your email address will not be published.