Од овој проект, кој се одржа во Олхаово Португалија, најмногу ги проширив моите хоризонти во области како пронаоѓање на самата себе во различна околина, различни култури и традиции, комуникација со различни карактери, личности, ставови, борба на мислења и многу работилници кои сами по себе беа необични. Запознавме многу луѓе од Кипар, Чешка и Литванија и навистина мислам дека сите имавме влијание еден врз друг. Секој на свој начин ја претстави својата култура, своите навики, своите ставови врз нештата и секако, својот карактер. Излегувањето од својата зона на удобност и размислувањето надвор од кутијата е дефинитивно како можам да го опишам ова искуство, полно со изрази, емоции, чувства, страсти, амбиции… Генерално, тоа не беше обично искуство, тоа е нешто што дефинитивно би сакала да го направам повторно и не би можела да го препорачам повеќе!
Велат дека патувањето е поважно од дестинацијата. Со ова искуство, со задоволство можеме да го кажеме тоа. Ова беше моето прво искуство со Еразмус и дефинитивно спомените го надминаа секој ризик, искуство кое ќе го паметам цел живот. Секој момент сам по себе беше посебен. Секое место кое го посетивме во мене остави посебен впечаток.