Буквално еден огромен ролеркостер од емоции и доживувања, така би можела да го опишам Еразмус + искуството кое целосно ми го промени животот. Велат дека забавната страна на светот може да види само надвор од нашата комфорт зона, и така е. Еразмус е едно прекрасно доживување чии можности треба да ги искористи секој. Патувањето, дружењето и целосно, животот на страна ве гради како личност, се множат пријателствата од ширум цел свет, се собира знаењето и искуството, се дели бескрајната среќа а со сето тоа, се одзема секој знак на тага и анксиозност кои се присутни и не демнат во тешките денови и се губат низ водите кои се надоградуваме.
Како член на Youth on Board, имав можност да бидам дел од настанот “Counseil de L’Union Europeene pour la Jeunesse” во Гвадалупе. Покрај можноста да се едуцирам на повисоко ниво за Европската Унија со многу добар кадар и да стекнам незаменливо знаење, ова искуство за мене беше и проширување на хоризонтот низ кој гледам. Самиот живот во овој свет, секојдневното сонце, пливањето во океанските пространства, трчање по улиците во Парис, големината на културата, убавината и значењето на знаменитостите направија за мене биде најдобрата авантура во мојот живот. Топло им препорачувам на сите без страв за запливаат во водите на овие незаборавни доживувања. Секако, најтешкиот дел беше да се збогувам, но сето тоа е само еден нов почеток за нас и за авантуристот кој ќе се разбуди и ќе ни биде двигател по нашата сеуште неоткриена патека.