Филозофијата е љубов кон мудроста, кон знаењето. Таа ги оспособува учениците за самостојно, креативно мислење и развивање на нивната самостојна критичка и вредносна мисла. Таа влијае врз развојот на личноста, и им овозможува на учениците во формирањето на нивниот светоглед, како и нивното ефикасно вклучување во општествениот живот. Филозофијата учи дека: Знаењето е сила и моќ!
Посебно сме горди на нашите ученици кои на државниот натпревар по филозофија, одржан на 12.03.2022 година (сабота) во Скопје, под менторство на професор Данка Јовева, постигнаа голем успех:
-Марија Велинова, IV-1, го освои првото место и е апсолутен победник со освоени најголем број на бодови;
– Павел Поп-Димитров,IV-2, го освои третото место
Исто така, со право на учество на претстојната Државна олимпијада по филозофија, се стекнаа учениците:
Марија Велинова, IV-1 Павел Поп-Димитров, IV-2 Адријан Михајловски, IV-2
Државната олимпијада е предизвик којшто ги очекува овие вредни и посветени ученици. Им посакуваме успеси и понатаму!




