На 2.4.2022 година, во Скопје се одржа македонскиот натпревар за Филозофската олимпијада. На натпреварот, учениците од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“-Штип, под менторство на професор Данка Јовева, постигнаа одлични резултати:
- Марија Велинова од клас IV-1 – покрај државен сега е и олимписки првак по филозофија;
- Адријан Михајловски од клас IV-2 – трето место
Како првопласирана, Марија Велинова ќе ја претставува нашата држава на Меѓународната филозофска олимпијада, која оваа година се одржува во Лисабон, од 26-30 мај.
Наставничкиот колегиум, им го честита постигнатиот успехот на учениците и на менторот, а на Марија Велинова и посакува успех и на Меѓународната филозофска олимпијада.