На XXVI Македонска Олимпијада по информатика која се одржа на 27.4.2022 во просториите на ФИНКИ во Скопје, нашиот ученик Адриан Михајловски освои сребрен медал. Наставничкиот колегиум му го честита постигнатиот резултат на овој извонреден ученик кој постигнува одличен резултат во сите училишни предмети и досега има освоено повеќе награди по различни предмети.
Бидејќи Адриан е матурант, му посакуваме успех во натамошното образование и успешна кариера.