Ученичката Марија Велинова од IV-1, постигна уште еден голем успех. На конкурсот за најдобар филозофски есеј, таа го освои второто место.

 Есеите оваа година беа инспирирани од извонредниот филмски класик „12 гневни луѓе“ (12 Angry Men, 1957) на американскиот режисер Сидни Ламет, а учениците пишуваа на тема: ПРАВДАТА, ГНЕВОТ И ПРЕДРАСУДИТЕ: КАКО ДА СЕ СУДИ НЕПРИСТРАСНО.

Конкурсот, како и секоја година, беше анонимен (Комисијата ги добива есеите само со реден број, без име и презиме на учениците) и одлучува според следниве критериуми: оригиналноста на пристапот кон зададената тема; квалитетот на анализата на проблемите третирани во есејот; нивото на демонстрирани филозофски знаења; соодветна употреба на поимната апаратура; аргументациските аспекти и стилските белези на есејот; поврзаноста и релевантноста на есејот со филмската тема. На Конкурсот пристигнаа 37 есеи, а трочлената Стручна комисија во состав проф. д-р Слободанка Марковска, дипл. проф. по филозофија Марко Касапов и дипл. проф. по филозофија Стефан Видиков, ги награди следните ученици:

——————————————

Трето место: ТАТЈАНА БОСИЛАНОВА

(ментор: Јосиф Печков), СОУ ,,Јане Сандански“ – Струмица

Второ место: МАРИЈА ВЕЛИНОВА

(ментор: Данка Јовева), СОУ „ Славчо Стојменски“ – Штип

Прво место: КСЕНИЈА МАНО

(ментор: Евгенија Наумовска Маневска), СОУ „Таки Даскало“ – Битола